Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил истакна дека уште доктор дарувал крвна плазма.
Д-р Кристијан Богданоски, вработен во службата за Итна медицинска помош од Македонски Брод, дава пример што значи солидарност и хуманост.
Доктор Богданоски е еден од здравствените работници кои ја добиле битката со коронавирусот и самоиницијално се пријавил за донација.
Министерот Филипче апелира доколку сте го прележале вирусот, да го контактирате центарот за Трансфузиологја и да проверите дали можеби вие сте следниот донор кој ќе направи добро дело.
.