Британските медиуми наголемо пишуваат за грозоморното однесување на принцот Ендрју по разводот од Сара Фергусон. Имено, Ендру ја задржал венчаницата на Сара во својата гардероба во Бакингемската палата откако се развеле – додека нејзината шминка сè уште била на тоалетата. Да потсетиме, парот се разведе во 1992 година!!
Двојката се раздели години пред официјалниот развод. Официјално, причината била тоа што принцот имал службени обврски, па со семејството поминувал само 40 дена годишно. Сега е познато дека принцот Ендру имал некои чудни сексуални склоности, но Сара не била светица во сето тоа.
Имено, во јавноста излегоа фотографии од војвотката каде е топлес додека финансискиот советник и ги бакнувал прстите на нозете !!!
Сара и Ендру официјално се разведоа во 1996 година. Поранешната кралска слугинка Шарлот изјави за Сан дека Ендру ги чувал работите на својата поранешна сопруга во палатата речиси 30 години.
Иако не живее таму, шминката и е сè уште на тоалетата. Морав да ги соберам сите тие моливчиња за очи, маскари и пудри, да ги исчистам и да ги вратам на нивното место. Но, таа никогаш не се вратила таму по големиот скандал“, рекла собарката.
“Нејзината облека беше таму, како и чевлите, а нејзината венчаница беше обесена во плакарот. Тоа е морничаво. Сето тоа беше чувано како таа да е таму.”
