По неколкумесечни шпекулации за наводни проблеми во бракот, принцот од Монако Алберт проговори за неговата сопруга – принцезата Шарлин.
Шарлин со месеци е во родната Јужна Африка, а последен пат била видена во Монако во јануари годинава.
„Таа не го напушти Монако ненадејно. Таа не замина затоа што ми беше лута на мене или на некој друг. Отиде таму за да ја прегледа работата на нејзината фондација и заради малку слободно време со својот брат и пријателите“, објасни принцот за списанието „Пипл“.
Тој вели дека иако нејзината посета требало да трае околу една недела, сепак таа останала поради „болест и медицински компликации“.
Медиумите претходно пишуваа дека Шарлин и принц Алберт, наводно, се разведуваат.
