Maxar Technologies објави нови сателитски снимки од украинскиот град Мариупол, кој руските сили френетично го бомбардираат и гранатираат со недели.
Повеќе од 80% од станбените згради во тој град се оштетени, а многу се урнати. Украина го отфрли ултиматумот на Русија, која бараше предавање на градот. Мариупол е последниот голем град во тој дел од земјата што е под контрола на Украина.

Денес, руски функционер во интервју за прорежимското РИА Новости откри зошто Русите се толку очајни да го освојат Мариупол.
Новите фотографии објавени од Maxar Technologies покажуваат густ чад што се издига од низа станбени згради во Мариупол поради руските бомбардирања. Пред војната во градот живееле околу 400.000 луѓе. Сега, според достапните податоци, останаа околу 100.000.
