ПРИСТИГНАА ПРВИТЕ СНИМКИ: Земјотрес од 7,5 степени на Филипините, евакуација и во Јапонија – „очекувајте разорно цунами“

Земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди островот Минданао на Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот бил на длабочина од 63 километри, а наскоро се очекува цунамито да ги погоди Филипините и Јапонија, пренесува Ројтерс.

Американскиот географски институт процени дека земјотресот бил со јачина од 7,6 степени и длабочина од 32 километри.

Филипинската сеизмолошка агенција PHIVOLCS соопшти дека брановите на цунами може да ги погодат Филипините и може да траат со часови.

Јапонската телевизија NHK соопшти дека брановите цунами високи до еден метар се очекува да стигнат до западниот брег на Јапонија. Во тек е евакуација.

Првите слики од штетите по разорниот земјотрес пристигнуваат од Филипините, а во тек е евакуација.

„Врз основа на податоците со кои располагаме, се очекува брановите да достигнат висина од еден метар над нормалната плима, а предупредуваме дека во затворените заливи и теснец тие може да бидат уште повисоки. Се очекува разорно цунами со височини на бранови опасни по живот. “, предупреди Институтот за сеизмологија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното