Пристигнува арктички циклон: Во Словенија веќе има снег, од утре драстична промена и на Балканот

Во наредните три дена во Европа пристигнува еден од најладните бранови, а метеоролозите велат дека може да се очекува и први обилни врнежи од снег оваа сезона.

Ладниот фронт кој доаѓа од северот веќе ги зафати Алпите, на чии врвови се очекува најмногу снег.

Снег вчера заврна и во Словенија, но само над 2.000 метри надморска висина.

Заладување ќе се почувствува во Британија, Франција и земјите на Бенелукс, а утре се очекува на југот од Франција и западот на Медитеранот да биде „многу ладно“.

Втор ладен бран доаѓа после среда и ќе ја зафати источна Европа и Балканот.

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните планински делови со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до девет, а дневната од 19 до 26 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо време со температури кои се околу просекот за овој период од годината. Врнежи од дожд се очекуваат во среда и петок, особено во јужните делови од земјава.