Присуство потврдиле 40 Бугари: „Фондација Македонија“ ги повикува младите на гробот на Гоце Делчев

„Фондација Македонија“ која се декларира како бугарска културна и образовна организација, поладнево од својот профил на Фејсбук упати повик до сите Бугари во Скопје, а особено до помладите, да присуствуваат на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев кое ќе се одржи в сабота во Скопје.

Во објавата се додава дека организацијата добила потврда од повеќе од 40 Бугари од Скопје и од земјава дека ќе присуствуваат на чествувањето на 4 февруари во црквата „Св. Спас“.

„Апел до сите Бугари во Скопје, особено до младите: Дојдете во сабота на гробот на Гоце заедно да му оддадеме чест во 11:30 часот на паркингот на Калето. Досега над 40 Бугари од Скопје и Северна Македонија ни потврдија дека ќе дојдат“, се наведува во објавата на бугарската оранизација „Фондација Македонија“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното