Балкан

Притворен познат грчки автор на детски книги поради поседување материјал со детска порнографија

Познат и наградуван грчки автор на детски книги е притворен поради поседување материјал со детска порнографија, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на извори од полицијата пишува дека 55-годишниот писател од интернет симнувал детски порнографски материјал, а рекол дека материјалот го симнал бидејќи сакал да напише книга во врска со детската порнографија и педофилите.

Весникот „Катимерини“ објави дека писателот кој до неодамна бил раководител на детскиот оддел во голема грчка издавачка куќа, во притвор во затворот во Триполи е од 18 октомври 2022 година, а на неговиот хард диск имал над 90 видеа со детска порнографија, дел од нив со деца под 12 години.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни