Македонија

Приведен 27-годишен скопјанец: Сопругата го пријавила дека ја нападнал дома, па ја однел во шума и ја тепал со тврд предмет

Приведен 27-годишен скопјанец: Сопругата го пријавила дека ја нападнал дома, па ја однел во шума и ја тепал со тврд предмет

Полицијата привела 27-годишен скопјанец по пријава од неговата 21-годишна сопруга за физички напад, кој, според нејзиното сведоштво, продолжил и откако била однесена во шумски предел во скопскиот регион.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 1 септември, по што во 20:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Ф.Д. (27) од Скопје.

Според пријавата на сопругата, насилството најпрво се случило во семејниот дом. Таа навела дека потоа сопругот ја однел во шумски предел во околината на Скопје.

Таму, според нејзините наводи, ја врзал за дрво и продолжил да ја напаѓа, при што употребил тврд предмет.

По приведувањето, случајот е преземен од надлежните служби за целосно расчистување и документирање на околностите.

Од МВР соопштуваат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Истрагата треба да ги утврди сите околности поврзани со пријавениот случај.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни