Македонија

Приведен бегалец од затвор, осуден на скоро 11 години затворска казна

Приведен бегалец од затвор, осуден на скоро 11 години затворска казна

Полицијата во Куманово приведе бегалец од затвор осуден на речиси 11 години затворска казна.

„На 04.06.2023 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(38) од Куманово. Тој бил осуден на 10 години и 10 месеци затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236, „разбојништво“ по член 237 и „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на шест години и пет месеци од казната. Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Штип за доиздржување на казната“, соопштија од МВР.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни