Македонија

Приведен маж во Македонска Каменица – возел со 2,41 промили алкохол во крвта

На 02.07.2025 во 00.40 часот на ул. „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ПО Македонска Каменица го лишиле од слобода Б.М. (36) од Македонска Каменица.

При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека Б.М. управувал патничко моторно возило „пасат“ со бугарски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.41 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против Б.М. ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни