Приведена мајката на детето кое загина во пожар во Гостивар, а беше врзано со синџир

Приведена е мајката која е по потекло од Ресен, а која најверојатно го врзала детето со синџир дома бидејќи било агресивно, при што во пожар загина, поради неможност да се бега.

Пожарот се случи утринава, а полицијата вечерва ја приведе мајката која ќе остане во полициска станица до целосно расчистување на случајот.

Инаку во пожарот загина едно дете, а мајката беше пренесена во болница.

Јавното обвинителство соопшти дека детете било врзано со синџир, а мајката рекла дека тоа го направила бидејќи детето било агресивно.

Инаку детето претходно не било никаде пријавени дека е агресивно, а тие во станот се вселиле пред десетина дена.

Полицијата и Обвинителството прибираат докази за целосно расчистување на случајот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното