Приведени две Бугарки за кражба во близината на „Сити Мол“

Откако на 6. јануари биле приведени две Бугарки на булеварот „Партизански одреди“ кои се сомничат за кражби, веќе следниот ден на Божиќ, полицијата приведе уште две Бугарки поради кражба во близината на „Сити Мол“, поточно на улицата „Манапо“.

„На 07.01.2019 година во 19.00 часот на улица „Манапо“ во Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“, казниво  по член 235 од Кривичниот законик на Република Македонија, од слобода биле лишени М.В.М. и Н.С., двете од Република Бугарија. Тие биле задржани во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Се вчитува...

Извор: ТВ21