Македонија

Приведени две лица од скопско – при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки

Приведени две лица од скопско – при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени ловечки пушки
Фото: 4news.mk

На 12.06.2026 во 23:45 часот на патот помеѓу с.Шишево и с.Грчец на подрачјето на општина Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Н.С.(54) од с.Сарај и Р.С.(58) од с.Крушопек.

При извршен преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.С., а сопатник бил Н.С., во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки „Бајкал“, калибар 12 мм, 22 ловечки патрони и други предмети.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни