Македонија

Приведени осум возачи за безобѕирно управување возило

Приведени осум возачи за безобѕирно управување возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум возеле без возачка дозвола, а двајца под дејство на алкохол. Три лица во Скопје и по едно во Тетово, Гостивар и Велес возеле без возачка дозвола. Додека, пак по еден возач во Гевгелија и Велес управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни