Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против О.П.Д. (33) од Украина, А.М. (37) од Молдавија и В.Ш. (43) од Украина, поради постоење основи на сомнение дека извршиле 19 кривични дела – “тешка кражба“и кривично дело „злосторничко здружување“. Исто така кривично пријавени се лицата В.Б. (48), О.М. (37) државјани на Р. Украина, како и Д.Ш. (49) од Казахстан и С.А. (43) од САД, поради постоење основано сомнение дека извршиле 19 кривични дела – “помагање“ а во врска со кривичното дело -“тешка кражба“ и „злосторничко здружување“. Притоа,пријавените седум лица се стекнале со вкупна противправна имотна корист во износ од околу 105.000.000 денари.