Приведено лице од скопско – при претрес во нелегална импровизирана работилница запленет над 1 тон тутун

На 18.11.2021 во 18.50 часот на подрачјето на Чаир полициски службеници од Одделот за криминалстичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода А.Ќ.(31) од с.Љуботен, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Имено, во заедничка акција со Царинска управа на Република Северна Македонија за недозволено производство и продажба на режан тутун на подрачјето на Скопје, при извршена контрола на патничко возило „ауди А4 караван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ќ. и при претрес во неговата куќа во с.Љуботен, извршен со судска наредба, биле пронајдени 750 пакувања со режан тутун, со вкупна тежина од околу 224 килограми, како 865 килограми тутун во лист, машина за производство на режан тутун, поголема количина на амбалажа за пакување тутун со различни натписи од повеќе видови тутун, ваги за мерење, опрема и картонски кутии за пакување на тутун.

Пронајдените предмети биле одземени и предадени на вештачење, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.   

Поврзани вести

Од полноќ нова цена на горивата

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по...

ЗОШТО НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА ГРЕШИТЕ ЗА РОДИТЕЛИТЕ: Животот уште посурово ви враќа сè што правите!

Еднаш имаше една слаба старица која, откако ѝ почина саканиот сопруг, отиде да живее со синот, снаата и внукот. Нејзиниот вид и слух се влошуваа секој ден. Понекогаш рацете...

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Македонија изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за...

13 лица ја изгубија битката со ковид-19 – најмладите 35 и 39 години

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19. Регистрирани сe 393 оздравени пациенти, а регистрирани се...

Најважното

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред...

101 нов случај на ковид-19 – пријавени се 13 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299...

За 3,5 денари се намалува цената на нафтените деривати

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени

Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика...

Експерт: Заштитните огради на автопатот Струма во реонот на несреќата се инженерски дефект

„Автобусот кој излета на автопатот Струма се заглави меѓу двете заштитни огради, кои не ја изгаснаа кинетичката енергија. Ова е инженер за целосен...