Живот

Продадено парче од свадбената торта на Чарлс и Дијана – еве која е цената

На аукција во средата беше продадено парче торта од венчавката на принцот Чарлс и лејди Дијана Спенсе од 1981 година.

Тоа било продадено за 1.981 фунти, но на парчето стоело предупредување – забрането јадење!

Почетната цена на парчето торта со марципан и бела глазура била од 300 до 500 фунти, но се продала за три пати поголема цена.

„Бевме изненадени од бројот на луѓе кои беа заинтересирани за ова големо и уникатно парче кралска торта“, рече аукционерот Крис Албери и специјалист за кралски спомени на аукциската куќа Dominic Winter Auctioneers во Сиренчестер, западна Англија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни