Балкан

Продавниците во Грција од денеска ќе работат во празнично време

Продавниците во Грција од денеска ќе работат во празнично време

Од денеска стапува во сила празничното работно време на продавниците во Грција, јавува државната телевизија ЕРТ.

Според распоредот, продавниците ќе бидат отворени во работните денови од 9 до 21 часот и во сабота од 9 до 18 часот.

Во недела, на 17 декември, како и двете недели пред Божиќ и Нова година, ќе работат и продавниците. За во недела препорачаното работно време ќе биде од 11 до 20 часот, освен на 31 декември кога ќе биде од 9 до 18 часот.

Сепак, продавниците ќе бидат затворени на 25 и 26 декември, како и на 1 и 2 јануари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни