Продажбата на антибиотиците на „Алкалоид“ АД Скопје во првото полугодие од 2025 година бележи пад од 10 проценти во споредба со истиот период лани, покажуваат најновите неревидирани финансиски резултати на компанијата.
Од јануари до јуни 2025 година, приходите од продажба на антибиотици изнесуваат 2,31 милијарди денари, наспроти 2,58 милијарди денари во истиот период во 2024 година.
