ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ: Ова се сите неработни денови за 2022 година

Согласно со Законот за празниците на Македонија во 2022 година неработни денови се:

За сите граѓани

• 01 јануари (сабота), Нова Година
• 07 јануари (петок), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
• 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден
• 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
• 02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
• 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
• 02 август (вторник), Ден на Републиката
• 8 септември (четврток), Ден на независноста
• 11 октомври (вторник), Ден на народното востание
• 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден
• 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (четврток), Бадник, ден пред Божик
• 19 јануари (среда), Богојавление (Водици)
• 22 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
• 10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 17 Април (недела), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци,
• 25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 09 Јули (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница

• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница

• 27 јануари (четврток), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница

• 08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница

• 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница

• 5 окомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница

• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница

• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.