Ви претставуваме листа на намирници со кои можете да се подмладите. Важно е да се снабди телото со антиоксиданси
Станува збор за домати, какао и темно чоколадо, бадеми, магдонос, лимон, авокадо, мрсна риба, калинка, боровинки, црвени пиперки, грозје, зачини (каранфилче, оригано, цимет, ѓумбир, лук), спанаќ и брокула.
Овие антиоксиданси го чистат телото одвнатре. Во најидеалната опција, треба да јадете риба три пати неделно, како и да ја прелиете со маслиново масло и кромид. Внимавајте да пиете што повеќе вода дневно, да се движите, водете здрав живот на чист воздух. Треба да се откажете од тутунот и алкохолот ако сакате да изгледате младо.Покрај тоа што треба да внимавате што јадете, треба да спиете од 7 до 8 часа дневно.
