Продолжувааат внатрепартиските превирања во ВМРО-ДПМНЕ околу тоа дали Христијан Мицкоски треба да остане претседател на партијата. Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, преку соопштение пишува дека ВМРО-ДПМНЕ има капацитет да раководи со институциите, но дека се потребни промени во партијата, бидејќи како што пишува, партијата изгубила на три изборни циклуси по ред.
Но, Општинскиот комитет Илинден, на „Фејсбук“ напиша дека се оградуваат од ставовите на градоначалникот, велејќи дека истите се водат од лични интереси и против политиките на партијата и комитетот. Од седиштето на ВМРО ДПМНЕ, пак порачаа дека нивниот фокус е ставен врз борбата против актуелната Влада.
Градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски беше еден од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кој вчера присуствуваше на прес-конференцијата пред седиштето на партијата, каде беше побарана оставка од Мицкоски и беше упатен апел за свикување на вонреден Конгрес за избор на нов партиски лидер. Велат дека Мицкоски треба да го исполни своето ветување и да поднесе оставка бидејќи изгубил на изборите. И од СДСМ настојуваат Мицкоски да се повлече, нарекувајќи го неодговорен и политички незрел.
.
