Професорите во шок – ученик по хируршки пат си вградил слушалка во увото само за да добие добра оцена

Студент по медицина од Индија неодамна бил фатен затоа што сакал да мами на испит!

Со блутут уред (бубачка) вграден во внатрешното уво, сакал да го сокрие апаратот и патем да мами на својот испит!

На 21 февруари, 78 студенти по медицина учествуваа на последниот MBBS испит на Медицинскиот колеџ Махатма Ганди во Индија. Еден од студентите беше повеќе од очаен да го положи испитот.

Неименуван студент по медицина бил примен пред 11 години да студира медицина, но во последните неколку години паднал на секој завршен испит неколку пати и ова му била последна шанса да го положи испитот. Тој се одлучи за бизарна и донекаде нездрава тактика за мамење на испитот.

За да си ги зголеми шансите, мажот очигледно се свртел кон мамење, па хируршки си вградил Bluetooth уред во увото.

Според „Хиндустан тајмс“, ученикот бил фатен од член на „летечкиот одред“ (името е дадено на контролните тимови кои можат брзо да се движат или да дејствуваат) додека вршеле физички претреси на ученици. Д-р Вивек Сате го пребарал студентот кога во скриениот џеб од неговите панталони пронашол мобилен телефон. Проверката покажа дека уредот е вклучен и поврзан со уред со Bluetooth.