Прогласена епидемија на морбили во Скопје, Филипче го вклучи алармот – невакцинираните децата да не одат во градника

Прогласена епидемија на морбили во Скопје, Првичните информации говорат дека епидемијата е прогласена откако малите сипаници освен во Бутел почнале да се шират и во Гази Баба, Чаир и Шуто Оризари. Министерот Филипче рече дека ќе се прогласи епидемија во Град Скопје и упати апел до сите родители да ги вакцинираат децата.

„Согласно членовите 56 и 57 од Законот за заштита на населението од заразни болести, донесовме одлука да се забрани прием на децата во градинките кои не се вакцинирани против мали сипаници. Добро е што не работат училиштата и децата се на распуст, па ни ја олеснува работата. Ситуацијата ја имаме под контрола, работат вакциналните пунктови и се прави контрола на вакциналните картони. По прогласувањето на епидемијата во Радишани и регистрирани 15.000 невакцинирани деца, за жал, досега се вакцинирани само 310. Секое непочитување на препораките за имунизација е дополнителен ризик за ширење на болеста“, вели Филипче.

Се вчитува...

И лекарот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје апелира децата итно да се вакцинираат.

„Станува збор за тешко и опасно заболување. Пред воведување на вакцината во 1972 година овде имавме големи епидемии со 12.000 заболени и 1.250 смртни случаи. Ова заболување е високозаразно и за кратко време се пренесува од човек на човек“, рече Караџовски.

Министерот за здравство истакна дека е добро тоа што училиштата се на зимски распуст, нешто што ја олеснува состојбата. Според него, од вкупно 15 илјади невакцинирани деца, по упатениот апел, само 310 биле донесени да примат вакцина.

Од Институтот за јавно здравје потсетија дека пред 1972 година, пред да се воведе вакцината, имало епидемии на мали сипаници со преку 1250 смртни случаи и над 12 илјади заболени. Казната за родителите кои не ги вакцинираат децата се од 350 до 650 евра.

Србија и Романија веќе се борат со епидемија на мали сипаници и морбили која претставува исклучително опасна и смртоносна болест.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21