Компанијата „Салцбург чоколада“ од Гредиг, позната по производството на „моцартовите топки“, поднесе барање за стечај до провинцискиот суд во Салцбург.
Поради овој неочекуван крах, синдикатите заедно со работничкиот совет и раководството планираат да разговараат за состојбата и да ги информираат вработените.
Иако компанијата бележеше профит во изминатите години, минатата година пандемијата силно ја погоди, напиша директорот Кристијан Шигерл.
Поради значително намалениот број на туристи, манифестации и прослави, забележан е пад на продажбата на чоколадни производи, а со тоа и на „Моцарт топки“.
Падот на прометот од лани можеше само делумно да се компензира во новата деловна година, но покрај нови клиенти во извозот и државната помош, и годинава ќе се забележи огромна загуба поради минатото.
„Сегашното заклучување и значителното зголемување на цените на суровините, енергијата, платите, трошоците за логистика, материјалите за пакување се дополнителни причини“, додаде Шигерл, додавајќи дека на вработените не може да им се исплаќаат ноемвриските плати, како и божиќниот бонус.
Инаку, оваа компанија ги произведува „Боби чоколади“, „Марија Тереза Талер“ и „Салцбург Конфикерс“.
Компанијата е основана во 1897 година под името „Реизигл кондиторска фабрика“ во градот Салцбург, а во 1956 година е преместена во Гредиг.
