Македонија

Променливо и нестабилно време до крајот на неделата

Променливо и нестабилно време до крајот на неделата

Од среда (21.05) следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови се очекува нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, на некои места и во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Температурите ќе бидат во пораст до петок (23.05), кога максималните вредности ќе достигнат до 30°C. За време на викендот (24–25.05), се очекува благ пад на температурите за неколку степени, при што максималните ќе се движат од 25 до 27°C.

Ветерот ќе биде претежно од северен правец, со промени во интензитетот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни