Македонија

Променливо облачно и магливо – температурите до 14 степени

Променливо облачно и магливо – температурите до 14 степени
ФОТО: 4news.mk

Променливо облачно, по одделни котлини, особено вдолж Повардарието со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, преку денот променливо облачно и магливо. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет и пониски дневни температури. Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица.

За време на новогодишната ноќ времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни