Живот

Променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд

Променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд претежно во крајните западни и крајните источни делови. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. УВ=5

Во Скопје, променливо облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните денови ќе има повеќе сончеви периоди и дневните температури ќе бидат значително повисоки. Услови за локален дожд ќе има во недела.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни