Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, температурите до 28 степени

Променливо облачно со сончеви периоди, температурите до 28 степени

Претпладне променливо облачно време со сончеви, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До почетокот на викендот ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во петок и сабота ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота. Во вторник ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 60 km/h.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни