Променливо облачно со утринска магла по одделни котлини

Променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната од 8 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно со утринска слаба магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Под влијание на влажен бран, од петок ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Од утре ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, што за време на викендот ќе услови повисоки дневни температури.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното