Во провинцијата Чијапас, на југоистокот на Мексико е пронајден фосил на риба за кој се претпоставува дека е стар над 95 милиони години.
Оваа риба се претпоставува дека живеела на североамериканскиот континент во времето на диносаурсите.
Научниците сметаат дека фосилот припаѓа на вид риба од американското подрачје.
„Рибата има голем број боцки на грбот и анални перки. Ова е досега неидентификуван вид кој живеел пред приближно 95 милиони години, односно во истиот период со диносаурусите“, велат истражувачите.
Клејтон Мањо Канталис, научник од Националниот автономен универзитет на Мексико, вели дека на овој вид на риба му е дадено името „Choichix alvaradoi“ и според него потекнува од Мексико.
„Порано се веруваше дека рибите доаѓаат од Европа и се движат кон оваа област. Но, сега гледаме дека најстарата и прва риба живеела на овие простори“, додава тој.
