Балкан

Пронајден исчезнатиот авион во Хрватска: „Гледам делови од опашка, крила и кабина“

Пронајден исчезнатиот авион во Хрватска: „Гледам делови од опашка, крила и кабина“

Тим пилоти кои го пребаруваа поширокото подрачје на Брончанац со дрон објавија дека пронашле авион, кој вчера исчезнал од радарот над Раковица, Хрватска.

Ова преку радио го пријавиле во базата, а за тоа сведочат и репортерите на Јутарњи лист кои се на терен со друга екипа пилоти.

Во базата беа пријавени и точните координати на локацијата.

„Гледам делови од опашката, крилата и кабината “, рекол пилотот кој го нашол авионот.

Оваа информација, сепак, се уште не е официјално потврдена.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни