Македонија

Пронајден починат 65-годишник во својот стан во Кичево

На 21.06.2020 околу 18,30 часот во Полициска станица Кичево било пријавено дека во неговата куќа на ул.„Мицко Станкоски“ во Кичево пронајден е починат Б.С.(65) од Кичево. Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Кичево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни