Пронајдени 50 килограми марихуана во близина на Ќафасан

Граничната полиција на Макеоднија на 11. ноември околу 19 часот, на граничниот премин Ќафасан, најде и одзеде две торби со 46 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 50 килограми.

На местото каде што се најдени торбите е извршен увид, истите се подигнати, а марихуаната е предадена на вештачење.

МВР превзема мерки за расчистување на случајот.

 

Извор: ТВ21