Пронајдено 15-годишното девојче од Кичево кое беше исчезнато

Како што известува портпаролот на СВР -Охрид Стефан Димоски, девојчето синоќа било пронајдено околу полноќ по пријава од нејзината мајка.

-На 13 јануари оваа година, во 15 часот и 15 минути во полициската станица во Кичево, У.С.44 годишен од Кичево пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка исчезнала. Полициската станица Кичево презела мерки и малолетничката била пронајдена синоќа околу 00.00 часот, изјави Димоски

Извор: ТВ21