Свет

Пропалестински демонстранти упаднаа во зграда на Капитол Хил

Пропалестински демонстранти упаднаа во зграда на Капитол Хил

Пропалестински демонстранти вечерва упаднаа во зградата на „Кон Хаус“ на Капитол Хил во Вашингтон, јавуваат американските медиуми.

Во таа зграда се наоѓаат неколку канцеларии на Претставничкиот дом и Конгресот.

Полицијата на Капитол соопшти дека не се дозволени демонстрации внатре во Капитол и дека работи на расчистување на толпата.

Полицијата веќе приведе неколку лица додека низ зградата одекнуваат скандирањата „прекин на огнот сега“, пренесува Фокс њуз.

Каналот наведува дека протестот најверојатно е поврзан со групата „Еврејски глас за мир“, која повикува на примирје и се спротивставува на „етничкото чистење на Палестинците извршено од израелската влада“, пренесува Танјуг.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни