Македонија

Проширувањето на ЕУ се враќа на дневен ред – последен обид на германското претседателство

Германија ќе направи последен обид додека претседава со Европската унија и в среда ќе се усвојат заклучоците за проширување на Европската унија, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

Советот на ЕУ в среда ќе се одржи нов амбасадорски состанок на кој на дневен ред се ставени заклучоците за проширувањето, кои беа отстранети минатата недела поради блокадата на Бугарија за преговорите со Северна Македонија.

Дискусијата за проширувањето беше целосно симната од дневен ред поради несогласувањата помеѓу земјите членки на ЕУ, посебно поради ставот на Софија дека не може да се одржи првата меѓувладина конференција.

Нејасно е во овој момент каков компромис ќе предложи германското претседателство. Извесно е дека претседателството подготвува нови заклучоци, но овие сѐ уште не се објавени.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни