Протестите на студентите во Албанија, отворија дебата и ги извадија на виделина проблемите со кои се соочуваат и студентите во Македонија. Образованието во Македонија веќе неколку години е во тотален хаос, а статистиките покажуваат дека македонските студенти плаќаат повисоки студентски тарифи од тие во Албанија. Студентите се жалат дека ниту сегашниот, ниту претходниот владин состав, не покажал интерес, ниту волја да седнат и да ги слушнат проблемите.
„Тоа што ни се случи на нас студентите, најлошо во текот на последните две години, доколку ми се дозволи да зборам за овој период, ние секогаш кога баравме од сегашниот Министер, не најде време да седне со нас на маса. Ги поканивме на тркалезна маса, организиравме дебати за многу чувствителни теми“, вели Нермине Хамиди – студент.
Политикологот, Џенис Сулимани, рече дека не се револтирани само студентите од Албанија , туку и студентите од Македонија, но се плашат од заканите и затоа не излегуваат на улица. Гостите ги спомнаа и партиските вработувања во нашите универзитети, а Сулимани рече дека за да се вработиш, треба да имаш партиска книшка.
„Имате во предвид, кога декан ти вели ти знаеш како одат работите, на политиколог кој е активен со многу објавени текстови и разни активности. Дали тој знае што сака да каже со тоа – Знаеш како се одвиваат работите. Треба да имаш партиска книшка и треба да направиш изборна кампања за одредена „х“ партија“, вели Џенси Сулимани – политиколог.
За политичкото вмешување во македонското образование, зборуваше и Фљакрон Беџети, кој главно упати обвинување кон ДУИ. Тој рече дека невозможно е да се вработиш доколку не си припадник на ДУИ.
„Зборувам за албанските државни универзитети, и за жал состојбата е многу лоша во високото образование како последица на политиката, односно на власта, при што ДУИ е долго време на власт. Поголемиот број на државни функционери се професори во Тетовскиот универзитет или Универзитетот Мајка Тереза, а нивните ректори доаѓаат од политиката“, вели Фљакрон Бецети од Алијанса за Албанците.
Меѓутоа, спротивно мислење имаше професорот, Дритон Кучи, според кој македонските универзитети се автономни.
„Верувам дека се автономни, фокусот на проблемите треба да се прави во одредени форуми. Вие знаете дека демократијата во Македонија но и политичките настани во последните 3-4 години беа кревки“, вели Дритон Кучи – професор.
Дебатата продолжи до крајот на емисијата.
Инаку вреди да се спомне дека студентите во Албанија веќе 10 дена по ред протестираат за нивните права, односно за намалување на студентската тарифа. Иако премиерот Еди Рама им вети решение на студентите, тие сепак продолжуваат со протести се додека тие барања не се спроведат.
РЕПОРТЕР: САЛИЈЕ САДИКУ
