244 вработени со договор на дело во Македонски пошти, со години чекаат да добијат решение за работа. Револтот кај нив станал уште поголем откако виделе дека Македонски пошти објавиле конкурс за вработување на 20 други лица. Неколкумина од вработените излегоа на протест.
Од 244 вработени со нерегулиран статус, 63 потпишале иницијатива за протест. Бесар вели дека освен тоа што немаат социјално и здравствено осигурување, поштарите се соочуваат и со други проблеми.
Тв21 се обиде да добие став од генералниот директор на „Македонски пошти“, Ејуп Рустеми, но од службите ни рекоа дека е на службено патување. Се обидовме да го контактираме телефонски, но до овие вести, одговор не добивме.
