Протест пред владата на „Македонија бојкотира“, ќе поднесат нова кривична пријава против Спасовски

Оставка од владата, распуштање на Собранието, предвремени парламентарни избори, повлекување на постапката за измени на уставот, поништување на спогодбата Димитров –Коцијас ова беа барањата на движењето „Бојкотирам“ поради кои го изразија незадоволството денеска пред Владата на Р.М.преку мирен протест.

„Во старт од местото на товар на опремата за инсталација на бината полицијата со закани и на сила ги одведе возиалата на технички преглед и не дозволи да го реализираме со сите содржини мирниот протестот. Иако вчера имавме разговор, пред два дена иамавме писмено известување за одржувањето на мирниот собир, денеска однесувањето е сосема поинакво“, рече Тодор Петров.

Се вчитува...

„На безобразно срамен и крајно криминален и шверцерски начин се менува името, а претходно преку уставни амнадмани уставот. Има Македонци  кои не се согласуваат со тоа името ни е исконско, не ни го дал ни уставот и пред уставот постоеше Р. М постоеше и го браниме името“, изјави Сотир Костов, учесник во протестот.

„Собрани сме против уставни промени, знаете дека во Собрание се менува против наша волја на макеоднскиот народ, се менува уставот, против промена на името, не може некој инструирано да менува име, за некакви замсилени цели, ЕУ 2037 година“

„Бојкотирам“ поднеле кривична пријава против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на 15 –ти декември за спречување за одржување на јавен собир. Истото ќе го повторат.

Репортер: Александра Велинова

Извор: ТВ21