Протест против уставните измени, демонстрантите побараа средба во Собранието

Двете движења „Македонија Блокира„ и “Христијанско братство“, кои се против Уставните измени ја блокираа улицата пред Собранието. На тој начин уште еднаш го изразија нивниот револт против власта која ја нарекуваат „Влада на марионети“. Нивните барања се исти. Да се заштити македонскиот идентитет и да не се усвојат Уставните измени. На импровизирана бина побараа да влезат во Собрание за да се сретнат со претставниците на законодавниот дом.

Драган Угриновски, еден од организаторите на протестот рече дека демонстрантите имаат голема поддршка од граѓаните. Според него оние кои не излегуваат на протест, за да ја штитат Македонија, не ги смета за Македонци, туку за предавници на народот. Сето ова се прави за да се заштити Македонија, бидејќи, како што кажа, нема да дозволат тие кои не се Македонци да донесат одлука за измени на Уставот кои се на штета на државата.

 Угриновски имаше порака за пратениците.

 РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното