Денеска започнува протест на француските контролори на летање, објави Фигаро.
Се очекуваат потешкотии во воздушниот сообраќај, откажани се повеќе од илјада летови
Некои од нив се и европски. Станува збор за авиони кои минуваат низ францускиот воздушен простор.
Од авиокомпаниите се бара да го променат својот распоред. Патниците најверојатно ќе ги одложат летовите.
Диспечерите бараат зголемување на платите, а очекуваат да привлечат нов кадар.
Поради малиот број на персонал, работниците со кои располага имаат дополнителни смени.