Македонија

Протест за албанското знаме во Kуманово – „Зошто за прославата не се постави црвено – црното знаме“?

Група граѓани мирно протестираа пред општина Куманово. Тие побараа објаснување од градоначалникот Максим Димитриевски зошто пред општинската зграда не било поставено албанското знаме по повод 500 годишнината од постоење на градот Куманово.

Првиот човек на Куманово, Максим Димитриевски рече дека протестот е политички мотивиран и ги отфрли обвинувањата дека тој е против албанското знаме.

Објаснување од градоначалникот побараа и општинските советници.

За ова зборуваа и советниците од ДУИ.

По повод 500 годишнината од постоењето на Куманово, пред зградата, пред неколку дена беа поставени знамиња од соседните држави, но не и албанското знаме. Исто така на концертот организиран од општината во центарот на градот, беше поставено знамето на поранешна Југославија.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни