Свет

Протестантите победија во Франција, Макрон се откажа од покачување на данокот на горивата

Протестот на „жолтите елеци“ кој се одвиваше деновиве во Франција, придонесе Франција да не ги покачи даноците за горивата, со тоа цената на дериватите нема да порасне.

Ова го најави и кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја откажа денешната најавена средба со претставници од „жолтите елеци“.

На протестите организирани изминатите денови, три лица настрадаа, а над стотина повредени. На протестите се приклучија и вработени во „Брзата помош“, и се чини тоа беше клучно Макрон да прифати цената на горивата да остане иста.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни