Протестите од Франција се проширија и во Белгија и во Холандија

Белгиската полиција денеска мораше да употребува солзавец и водени топови против демонстрантите кои бараа оставка од Премиерот Шарл Мишел и пробаа по примерот на „жолтите елеци“ од Франција, да ги пробијат барикадите.

Демонстрантите во Брисел гаѓаа со камења, сообраќајни знаци и пиротехника на полицијата која го блокираше пристапот кон зградата на ЕУ. Агенциите јавуваат дека протестите се одвиваат во различни делови од градот, и дека е блокиран патот и патот кон еден шопинг центар.

Протести се забележани и во неколку холандски градови. Во Ротердам стотина демонстранци со „жолти елеци“ се собрале во централното градско подрачје, а исто така забележани се и низ Амстердам.

На холандските и на белгиските власти не им се јасни причините за протестите.

„Ниту Белгија ниту Холандија не предложија зголемување на цените на горивата, што беше катализатор за немирите во Франција“, констатираше агенцијата АП.

Се смета дека овие протести се како резултат на солидаризација со демонстрантите од Франција.

Извор: ТВ21