Стотина демонстрантите вечерва се собраа пред зградата на Владата за да искажат незадоволство од тоа што Владата го прифаќа како што велат тие францускиот предлог.
„Џабе е утре протестот, требаше вечерва да се собереме многу повеќе. Утре ќе доаѓа некаква делегација од Бугарија. Ние треба од наутро да бидеме тука и да го спречиме процесот на потпишување на тој документ. Вечерта протестот ќе биде џабе, оти сватовите ќе бидат заминати, а невестата однесена на непознато место“, рече еден од демонстрантите.
Под силно полициско обезбедување е вечерва Владата, а протестот се организираше на социјалните мрежи.
За утре протест има најавено опозициската ВМРО-ДПМНЕ.