Припадници на МВР на кантонот Сараево извршиле увид во 40 училишта во кои не нашле експлозивна направа, потврдија за порталот „Аваза“ од Управата на полицијата на КС.
Како што ни потврдија, контрадиверзијата на Општинскиот суд во Сараево е при крај.
Да потсетиме, рано утринава во училиштата во Сараево пристигнале пријави за експлозивни направи. Дојави за бомбата биле пријавени во просториите на општина Центар каде е седиштето на Владата на КС, како и во зградата на Општинскиот суд.
Како што соопшти на прес-конференцијата министерот за образование и воспитување на кантонот Сараево, бомбите биле пријавени во 110 училишни институции, во сите основни и некои средни училишта, поради што биле евакуирани 18.000 ученици.