Македонија

Прв надзор на новата агенција – проблеми со префрлањето на наредбите од УБК во АНБ

Членовите на надзорната комисијата на првата посета на новоформираната Агенцијата за национална безбедност вршеа проверка за тоа како се следат комуникациите, но забележале дека има проблеми при преносот на наредбите од поранешната УБК во сегашната Агенција.  Претседателот на Комисијата Емил Димитриев по тричасовната средба изјави дека не може многу да открие бидејќи се работи за класифицирана информација, и дека допрва ќе го разгледуваат. Но рече дека проблемот е од правен аспект во кој даден момент треба да се направи прекин на наредбите од старата институција и продолжување на наредбите од новата бидејќи како што нагласи има одредени разлики.

Во врска со можноста Агенцијата да ја користи опремата мобилно, односно самостојно во движење да може да ги следи комуникациите Димитриев тврди дека таа не се употребува.

Димитриев не сакаше да ги коментира и информациите дека се прави партиска селекцијата на кадрите за тоа кои вработени ќе преминат од поранешната УБК во сегашната Агенција. Рече дека тоа е во надлежност на другата агенција. Директорот на Агенцијата Виктор Димовски не сакаше да излезе да даде изјава. Тој вчера во интервју за агенцијата МИА рече дека нема да дозволи да работат луѓе кои имаат конфликт на интереси, туку единствено оние кои ги задоволуваат критериумите. Се соочивме со ситуација некои од кадрите да имаат двојно државјанство што е спротивно на законот, изјави Димовски според кој ветингот во овој сектор и натаму ќе продолжи.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни