Свет

Прва изјава на Зеленски во САД: Следната година ќе го вратиме знамето во цела Украина

Прва изјава на Зеленски во САД: Следната година ќе го вратиме знамето во цела Украина

Украинскиот претседател Зеленски по пристигнувањето во САД на својот Телеграм канал објави: „Денес сум во Вашингтон да му се заблагодарам на американскиот народ, претседателот и Конгресот за многу потребната поддршка, но и за да можеме да продолжиме да соработуваме и да дојдеме уште поблиску до победата“.

„Ќе одржам серија разговори за зајакнување на отпорноста и одбранбените способности на Украина и за билатералната соработка меѓу Украина и САД. Следната година, мораме да го вратиме украинското знаме и слобода на целата наша земја, на целиот наш народ“, објави Зеленски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни